водовртеж

мн. водовртежи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 48682
1. Место во река, езеро, море каде што водата се врти во круг.
Англиски: vortex Албански: vorbull
Употреба: Географија
Примери:
Реката е дива и полна со водовртежи.
2. метеж, хаос
Англиски: disarray Албански: rrëmujë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се беше впуштил во водовртежите на Револуцијата.