влечка

влечкаат; влечкал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3721
1. Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината.
Англиски: drag Албански: zvarrit
Примери:
Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата.
Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја.
2. Тешко, споро се движи.
Англиски: drag Албански: zvarrit
Примери:
Тој ја влечка ногата.
3. Носи, тешко движејќи се.
Англиски: drag Албански: zvarrit
Примери:
Болничарите ги влечкаа ранетите настрана.
4. Носи со својот тек.
Англиски: drag Албански: zvarrit
Примери:
Дотечените реки влечкаа дрвја и камење.
5. одолжува
Англиски: drag Албански: vonoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој секогаш ги влечка работите.
6. (се влечка) Тешко, бавно се движи, оди или лази.
Англиски: drag Албански: ngadalë
Примери:
Сакатиот се влечкаше на левиот колк и десната рака.
7. (се влечка) Се движи не одвојувајќи се од површината.
Англиски: drag Албански: ngadalë
Примери:
Панталоните му се влечкаа по тревата.
8. (се влечка) Бавно ги врши работите.
Англиски: drag Албански: ngadalë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа цел ден се влечка и ручекот пак не е готов навреме.
Изведенки
влечкање ср.
глаг. им.
Пример: Без влечкање.