верен

верни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1535
1. Што е предан, приврзан, постојан во пријателството, во поддршката, во послушноста и сл.
Англиски: faithful
Примери:
верен другар
верна сопруга
верен слуга
2. Што потполно одговара на тоа што го претставува.
Англиски: correct
Примери:
Нивните документи не даваат верна слика.
Тој даде верен опис на надворешниот лик на комитата.
3. Што е вистинит, веродостоен.
Англиски: truthful
Примери:
Знаеше дека тие зборови што ги изговори со страв, не се верни на она што навистина се случи.