величина

мн. величини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5190
1. Тој или тоа што е од извонредна вредност и значење, што е со врвни достоинства, што предизвикува почитување, восхит.
Англиски: greatness Албански: madhësi
Примери:
Тоа што не го видоа неговите современици беше токму неговата величина.
Јас уживам во твојата величина и се гордеам што имам за другар толку голем човек.
2. Општо име за количествен однос меѓу математички или физички објекти (должина, маса, време).
Англиски: dimension Албански: dimension
Употреба: Математика , Физика