ведро

мн. ведра
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 14632
1. Дрвен сад, обично без капак, со рачка прицврстена за една дага или со полукружна рачка, што служи за чување и пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар, за молзење и др.
Англиски: pail Албански: enë druri
Примери:
Во едната рака носеше ведро, а другата слободно ја мавташе крај себе.
Ведро со вода, ведро за млеко, ведро со вино, ведро полно течност.
Полно ведро, празно ведро, тешко ведро.
2. Мерка за течност.
Албански: njësi matje për lëngje
Примери:
Таа година му се расипаа илјада ведра вино.