братство

мн. братства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 4519
1. Однос меѓу браќа и меѓу браќа и сестри; братски однос меѓу пријатели, големо пријателство.
Англиски: brotherhood Албански: vëllazëri
2. Општествена група која се темели на заедничко потекло, соединетост и солидарност на економски, општествен и обредно-религиозен план.
Англиски: brotherhood Албански: vëllazëri
Употреба: Политика
Примери:
Крушевското братство испратило писмо до Чернодрински.
3. Здруженост по чувство на блискост по која и да е основа.
Англиски: brotherhood Албански: vëllazëri
Примери:
Меѓу нив се роди братство и тоа го запечатија и јавно, фаќајќи се тројцата Свети Јовани во црквата.