брав

мн. брави
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7905
1. овен
Англиски: ram Албански: dash
Употреба: Зоологија
Примери:
Постариот брат ги пасеше бравите, а помалиот јаловиците.
Пушти им ги бравите навреме на овците да се измркаат и да се објагнат совреме, да ги извадиш јагнињата од зимата.
2. Скопен, чукан овен.
Албански: dash i tredhun
Примери:
На планината пред нас пасеа булук брави скопени и јаловици.
На пазарот се продаваа чукани одбрани брави.
3. Општ назив за овци и кози.
Албански: dhen e dhij
Употреба: Зоологија
Примери:
Оддалеку допира ѕвон на клопотарци на бравјето што со полни вимиња се враќаат дама.
Ни добитокот ни бравите уште не се истерани на пасење.
Изрази
Како угич во брави - силен, вообразен.
Изведенки
1. бравче ср.
мн. бравчиња
дем.
2. бравски прид.
бравскиот