бос

боси
Вид збор: Придавка
Ранг: 2776
1. Што е без чорапи или обувки.
Англиски: barefoot
Примери:
Децата шлапкаа боси по реката.
Купи му опинци да не оди бос.
2. За животно што се потковува - без потковици.
Примери:
Коњот ми остана бос.
3. Недоволно подготвен или информиран во некоја струка.
Англиски: unprepared
Употреба: Преносно значење
Примери:
По неговиот настап се гледа дека е многу бос.