безвучен

безвучни
Вид збор: Придавка
Ранг: 12053
1. Што е без јасен звук.
Англиски: voiceless
Примери:
Одговори со безвучен глас.
2. Што се изговара без треперење на гласните жици.
Англиски: voiceless
Употреба: Лингвистика
Примери:
Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни.
3. Безгласен, бесшумен, тивок.
Англиски: silent
Употреба: Преносно значење
Примери:
Безвучен мир.
Безвучна смеа.
Безвучни чекори.
Изведенки
1. безвучно прил.
Пример: Безвучно се движеше низ собата.
2. безвучност ж.