белосветски

белосветскиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 16378
1. Што е од далеку, од туѓа земја, туѓ.
Англиски: foreign
Примери:
Од стариот касетофон се слушаа македонски и белосветски песни.
2. авантуристички
Англиски: adventurous
Примери:
белосветски измамник
белосветски маѓепсници
3. Неморален (обично за жена оддадена на блуд).
Англиски: amoral
Употреба: Груб збор
Примери:
Пред неа беше стварноста: голем имот, куќа и маж што спие со белосветски жени.