беснее
  
    
    
  
  
      
          
            
              беснеат; беснеј, беснејте; беснеев, беснееја; беснеел; беснеен; беснеејќи; беснеав, беснеаја; беснеал; беснеан
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 8885
	    
	
    
    
      
          1.
          Лудува, води распуштен, распашан живот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Детето беснееше од разгаленост. 
	              
	            
	          
	            
	              Младите беснееја до раните утрински часови.
	              
	            
	          
	            
	              Луѓето се опиваат, беснеат, место достојно да го празнуваат сведенот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Врши терор, погроми и сл.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    terrorize
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                terrorizoj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Аскерот беснеел по селата. 
	              
	            
	          
	            
	              Четниците беснееле со нож в рака.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Се пројавува со сета своја силина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Виулицата беснее во планината. 
	              
	            
	          
	            
	              Беснеат бури. 
	              
	            
	          
	            
	              Војната беснееше по улиците на градот. 
	              
	            
	          
	            
	              Во минатото беснееле разни епидемии.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          беснеење ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.