берба

мн. берби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 14774
1. Берење, собирање плодови, тутун, дрва и сл.
Англиски: harvest Албански: vjelje
Употреба: Земјоделство
Примери:
Оваа година имаше берба на шипинки во селото.
Време е за берба на јаболката.
Годинава дождовите ја попречија бербата на доматите.
2. Времето кога се берат плодови.
Англиски: crop Албански: korrje
Употреба: Земјоделство
Примери:
Помина бербата.
По лозјата се наоѓаше некој грозд што дозреал по завршената берба.