асимилира

асимилираат; асимилирал; асимилиран; асимилирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 12043
1. Изврши, врши асимилација.
Англиски: assimilate Албански: asimiloj
2. Прими, прима, усвои, усвојува нешто.
Англиски: assimilate Албански: pranoj
Примери:
Како малкумина други тој го асимилирал сето тогашно знаење на Западот и ги чувствувал проблемите на своето време.
3. (се асимилира) Подлегне, подлегнува на асимилација.
Англиски: assimilate Албански: asimiloj
Примери:
Нашиот народ не се асимилирал со некој друг балкански народ и со тоа ја покажал сопствената самобитност.
Изведенки
асимилирање ср.
глаг. им.
Пример: Тие се во постојан процес на асимилирање.