аранжира

аранжираат; аранжирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 22689
1. Убаво, со смисла уреди, уредува, подготви, подготвува.
Англиски: arrange Албански: aranzhoj
Примери:
Ученици од уметничкото училиште ги аранжираа излозите.
Млади девојчиња го аранжираа цвеќето.
Одборот ја аранжира целата свеченост.
2. Приреди, приредува музичко дело за изведување.
Англиски: arrange Албански: aranzhoj
Употреба: Музика и танц
Примери:
Тој ја аранжира песната за Евросонг.
Изведенки
аранжирање ср.
глаг. им.