аронија

мн. аронии
Вид збор: Именка, женски род
Листопаден џбун со сини јадливи плодови.
Латински: Aronia prunifolia Англиски: aronia
Употреба: Ботаника
Примери:
Аронијата може да стане македонски бренд како храна и лек.
Дива малина, рибизла, шумска јагода, аронија, дива капина, поленов прав од бор, кантарион ползавец и мајчина душичка можат да се најдат во еден од најголемите еколошки резервати во Југоисточна Европа.