ама

Вид збор: Честичка
Ранг: 4068
1. При изразување чудење, изненадување.
Англиски: but Албански: por
Употреба: Разговорно
Примери:
Ама јадење сторивме!
Ама работа имало овде!
2. За воведување спротивставување на претходно кажаното; арно ама, добро ама.
Англиски: but Албански: mirëpo
Примери:
Добро ама, сите си легнале.
Арно ама, по некое време некој затропал на вратата.