адаптира

адаптираат; адаптирајќи; адаптирал
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 17082
1. Приспособи, приспособува за определена функција, намена.
Англиски: adapt Албански: adapton
Примери:
Тој го адаптира станот во работна просторија.
2. Приспособи, приспособува кон определена средина или кон определени животни услови.
Англиски: adapt Албански: adapton
Примери:
Иселениците многу бргу се адаптираа во Новиот Свет.
3. Преработи едно книжевно или музичко дело за изведба на нов начин или во нов медиум.
Англиски: adapt Албански: adapton
Примери:
Симфонијата ја адаптираа за џез изведба.
4. (се адаптира) се приспособи, се приспособува
Англиски: adapt Албански: adapton
Примери:
Кучето се адаптира за еден месец.
Изведенки
адаптирање ср.
глаг. им.