адреса

мн. адреси
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3587
1. Ознака за нечие место на живеење, име или број на определена локација.
Англиски: address Албански: adresë
Примери:
Тој е сѐ уште на старата адреса.
2. Натпис на пратка.
Англиски: address Албански: adresë
Примери:
Писмото немаше адреса.
3. Упатување кон некоја личност.
Англиски: address Албански: adresë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите забелешки беа на негова адреса.