џеб

мн. џебови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 682
дел од облека
Англиски: pocket Турски: cep Албански: xhep
Примери:
Кладе (стави) нешто в џеб (во џебот).
Изрази
(прен.) Џебот му е полн - има пари, богат е.
Плати од својот џеб - плати со свои пари.
Има некого в џеб (во џебот) - го држи под контрола.
Си ги полни џебовите - се обогатува.
Му го наполни џебот на некого - некој добро заработил од него (се збогатил).