полисиндет

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. Честа употреба на сврзници како врска во сложената реченица.
Англиски: polysyndeton
Употреба: Лингвистика
Примери:
И кој како доаѓал и доаѓа, и кој како минувал и минува се вљубува во оваа земја.
2. Поврзување настани, слики, појави со повторување на еден ист сврзник, покарактеристично во поезијата.
Англиски: polysyndeton
Употреба: Литература
Примери:
И тапани чукаа, и зурлите писнаа, и оро се заигра, и срцето поигра.
Изведенки
полисиндетон м.
(едн.)