покасне

покаснат; покасни, покаснете; покаснав, покаснаа; покаснал; (ќе) покаснев, (ќе) покаснеа; (ќе) покаснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 27205
Земе, изеде малку храна.
Примери:
Покаснаа малку од вечерата и си легнаа.
Покаснете нешто пред да си одите.
Изведенки
1. покаснува несв.
покаснуваат
Пример: Неколкупати дневно покаснува по малку.
2. покаснување ср.
глаг. им.