нагнои

нагнојат; нагној, нагнојте; нагнојав, нагнојаа и нагноив, нагноија; нагнојал и нагноил; нагнојан и нагноен; (ќе) нагноев, (ќе) нагноеја; (ќе) нагноел
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, фрли гној на нива, на обработливо земјиште, наѓубри со гној.
Англиски: fertilize Албански: plehroj
Употреба: Земјоделство
Примери:
Ја нагноивме добро нивата.
Овците лежеа на нивата, добро ја нагноиле.
2. Почне да гнои.
Англиски: fester Албански: qelbet
Примери:
Раната нагноила.
Изведенки
1. нагнојува несв.
нагнојуваат
2. нагнојување ср.
глаг. им.