наглоти

наглотат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Влезе прав, нечистотија (во очите), нараси.
Англиски: pollute Албански: pluhëroj
Примери:
Ветриштата ни ги наглотија очите.
2. Загади храна, просторија со глотки, со глотеж.
Англиски: pollute Албански: flliq, ndyej
Примери:
Го наглоти млекото.
3. (се наглоти) Се загади со глотки, со глотеж.
Англиски: pollute Албански: infektoj
Примери:
Млекото се наглотило, сте го оставиле отворено.