наежави

(се) наежават
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 36081
1. За коса, влакна на кожата - се крене, се подигне од студ, од страв и сл.
Англиски: shudder, shiver Албански: rënqeth, tërqeth
Примери:
Кожата му се наежави.
Сиот се наежави од страв.
2. Се наостри за борба, за напад.
Англиски: electrify Албански: rrënqeth
Употреба: Преносно значење
Примери:
Наежавени стоеја еден спроти друг, закрвавени во очите.
Мачките само се наежавија и се разбегаа.
Наеднаш јурнаа црните, наежавени бикови.
Изведенки
1. наежавува несв.
(се) наежавуваат
2. наежавеност ж.