наваму

Вид збор: Прилог
Ранг: 3617
1. Во просторот - во правецот на лицето што зборува, кон него, кон неговата страна, кон неговата средина.
Англиски: here
Примери:
Белки болеста нема да се прошири наваму.
Дојди наваму.
2. Во времето - од некој момент, од некое време до сега, до моментот на зборувањето.
Англиски: since
Примери:
Од таа ноќ наваму не сум го сретнал.
Од неколку години наваму ништо не работи.
Од ослободувањето наваму.
Изрази
Наваму-натаму - неопределено каде.
Наваму-натаму - денгуби.