навев

мн. навеви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10463
1. Тоа што го донесува ветрот (снег, дожд).
Англиски: drift Албански: grumbull bore
Примери:
Навеви од дожд ја поплавија терасата.
Снежни навеви.
2. Веење, дување на ветрот.
Англиски: drift Албански: fryn era
Примери:
Навевот на ветрот му го отежнуваше одењето.
3. Влијание, дејство од некоја страна.
Англиски: influence Албански: ndikim, influencë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Навеви од младотурското движење.
Навеви од новите правци во музиката.
Беа отворени кон сите навеви отстрана.