еквивалент

мн. еквиваленти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7819
1. Тој што е ист со нешто друго и може во целост да го замени.
Англиски: equivalent Албански: ekuivalent
2. Замена за нешто друго со иста вредност.
Албански: ekuivalent
Изведенки
1. еквивалентен прид.
еквивалентниот
Што е исто со нешто друго и може да го замени.
2. еквивалентност ж.
Израз: Принцип на еквивалентност - еден од основните принципи на теоријата на релативност.