дотлее

дотлеат; дотлеј, дотлејте; дотлеав, дотлеаја; дотлеал; дотлеан; дотлеев, дотлееја; дотлеел; дотлеен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Престане да гори слабо, догори без пламен.
Англиски: glow out Албански: shuhet
Примери:
Гламните полека дотлеаја.
2. Го заврши животот осамено, повлечено.
Англиски: die out Албански: shuhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го испратија во манастир да ги дотлее годините.
Изведенки
1. дотлева несв.
дотлеваат
2. дотлејува несв.
дотлејуваат