дрво

мн. дрва
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 270
1. Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки.
Англиски: tree Српски: дрво Албански: dru Бугарски: дърво
Употреба: Ботаника
Примери:
високо дрво
липово дрво
шумски дрвја
гранките на дрвјата
2. Дрво што се користи за огрев или како материјал за обработка.
Англиски: wood
Примери:
огревно дрво
стовариште за дрва
благородно дрво
резбарено дрво
Изрази
Фрла дрва и камења - остро и жестоко напаѓа со зборови.
(Го) бара под дрво и под камен - бара насекаде.
Дрвото се витка дури е младо.
дрво неделкано - глупак