цех

мн. цехови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 35564
1. Во феудализмот - сталешка организација на занаетчии од една струка.
Англиски: guild Албански: esnaf
Употреба: Историја
2. Одделение во фабрика, во комбинат.
Англиски: department Албански: repart
Примери:
Чевларскиот цех.
3. Сметка на трошокот во кафеана, ресторан.
Англиски: check Германски: Zech Албански: llogarin
Употреба: Разговорно
Примери:
Направија голем цех.
Тој го плати цехот, тој ги поднесе последиците.