царство

(едн.) царството
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1354
1. Држава што се управува од цар.
Англиски: empire Албански: perandori
Примери:
Римското Царство
Турското Царство
(разг. црков.) Земно и небесно царство.
2. (само едн.) Управување на некој цар, царување.
Англиски: rule Албански: sundim
Примери:
За време на царството на цар Александар.
Му го предаде царството.
3. Некоја област од стварноста.
Англиски: realm Албански: mbretëri, sferë
Употреба: Преносно значење
Примери:
животинско царство
растително царство
4. Област во која царува нешто.
Англиски: area Албански: sundim
Употреба: Преносно значење
Примери:
во царството на орлите
царство на сказните
Изрази
(разг.) Го испрати во царството на соништата.
Му мина, му сврши царството.