хоризонт

мн. хоризонти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3487
1. Привидна граница на небото и Земјината површина; видлива далечина.
Англиски: horizon Албански: horizont
Примери:
Видлив хоризонт. Се скри зад хоризонтот.
На хоризонтот ништо не се гледаше.
(разг.) Се појави на хоризонтот.
Исчезна од хоризонтот.
2. Круг на знаења, идеи, интереси.
Англиски: horizon Албански: horizont
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дојде од странство со раширени хоризонти.
3. (обично само во множина) можности, перспективи
Англиски: horizon Албански: horizont
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се отворија нови хоризонти за науката.