тој

мн. тие
Вид збор: Заменка
Ранг: 18
1. (нему, му; него, го) За покажување на суштество или предмет на определена близина до оној што му се говори.
Англиски: this Српски: тај Албански: kjo Бугарски: той
Примери:
Чиј е тој коњ?
Дај ми ја таа книга.
2. За покажување на суштество или предмет за кои се говори, спомнати порано.
Англиски: this
Примери:
За тој човек јас имам добро мислење.
Тој ден нема никогаш да го заборавам.
3. Со именки за време.
Англиски: this
Примери:
тој ден
тој месец
4. Самостојно - како именка.
Англиски: he Српски: тај Албански: ai Бугарски: той
Примери:
Тој што ќе заврши, нека излезе.