сѐ

Вид збор: Заменка
Ранг: 154
Она што ги вклучува сите предмети.
Англиски: everything, all Српски: све Албански: gjithë Бугарски: всички
Примери:
Парите не се сѐ.
Родила жената, сѐ девојчиња.
Сѐ или ништо.
Изрази
Пред сѐ - на прво место.
Сѐ живо - сите без исклучок.
Сѐ најубаво! - поздрав при разделба, искажување добри желби.
Даде (дава) сѐ од себе - се залага за нешто во најголема мера.
И што ли сѐ не - има многу, премногу, не може да се наброи што сè има.
И сѐ така - при набројување, и така натаму, прави сè исто.
Тоа би било сѐ - како завршна формула при набројување или подолго излагање.