силен

силни
Вид збор: Придавка
Ранг: 316
1. За човек, животно - кој се одликува со голема физичка сила; добро развиен, здрав.
Англиски: strong
Примери:
силен човек
силни волови
силни гради
2. Кој се одликува со голема духовна сила, тврд, непоколеблив.
Англиски: strong
Примери:
силна волја
силна природа
3. Кој има голема сила, кој тешко се победува; значителен по власт, влијание, авторитет и сл.
Англиски: powerful
Примери:
силна армија
силна флота
силна држава
силен народ
богат и силен
4. Кој дава голема сила, енергија; кој е значителен по своето дејство.
Англиски: strong
Примери:
силен мотор
силна струја
силен лек
силно средство
силна ракија
силен раствор
силно кафе
силен отров
силни зборови
5. Кој се пројавува со голема сила, интензивен; за чувства, впечатоци - голем, длабок.
Англиски: strong
Примери:
силен ветер
силен дожд
силни болки
силна внатрешна борба
силна љубов
силна желба
6. Кој ја знае добро, кој ја исполнува добро својата работа.
Англиски: capable
Примери:
силен ученик
силен артист
силен по математика
Изрази
Силна страна (на некого или нешто).
Силна храна.
Силни позиции.