режим

режимот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2196
1. Државно уредување, начин на владеење.
Англиски: regime Албански: regjim
Употреба: Општество
Примери:
монархистички режим
царски режим
демократски режим
ненароден режим
2. Точно определен ред на живот, работа, одмор, исхрана и сл.
Англиски: schedule Албански: regjim
Примери:
Мораше строго да се придржува до пропишаниот режим.
болнички режим
затворенички режим
3. Систем на правила, мерки потребни за определена цел.
Англиски: rules Албански: rregulla
Примери:
режимот на студиите