оглед

мн. огледи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1045
1. проба, опит, експеримент
Англиски: test Албански: provë
Примери:
хемиски оглед
лабораториски огледи
2. Вид кратка и концизна книжевна расправа.
Англиски: essay Албански: sprovë
Употреба: Литература
Примери:
критички оглед
научни огледи
3. Гледање, посета на девојка што е за мажење.
Употреба: Архаизам
Изрази
Без оглед (на нешто) - не водејќи сметка, без обѕир за нешто.
Со оглед (на нешто) - водејќи сметка; со обѕир за нешто.