краставица

мн. краставици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10268
Градинарско едногодишно растение cо зелени долги месести плодови.
Латински: Cucumis sativus Англиски: cucumber Албански: kastravec, trangull
Употреба: Ботаника , Гастрономија
Примери:
Прави салата од краставици.
Изрази
Дива краставица (краставичка) - лековита билка cо плодови слични на краставица со cитни боцки, полни со сок и cитни семчиња; (Ecballium elaterium).
Изведенки
1. краставиче ср.
мн. краставичиња
дем.
2. краставичка ж.
мн. краставички