кошмар

мн. кошмари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4482
1. Лош сон со ужасни привиденија.
Англиски: nightmare Албански: makth, ankth
Примери:
Секоја ноќ има кошмари.
2. Тешко, страшно доживување.
Англиски: shock Албански: shok, ankth
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашиот одмор беше вистински кошмар.
Го преживеа кошмарот на војната.
3. Лоши, хаотични мисли.
Англиски: chaos Албански: mendime kaotike, kaos
Примери:
Кошмарот му се вртеше во главата.
Живееше во кошмар од непознатото.