имитација

мн. имитации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8997
1. Дело создадено спрема некој образец со подражавање на некого или нешто.
Англиски: imitation Албански: imitim
2. Точно подражавање на звуци, движења на луѓе, птици, животни и др.
Англиски: imitation Албански: imitim
3. Лажна замена на нешто, на некој вреден предмет.
Англиски: forgery Албански: imitim
Примери:
Тој брош е само слаба имитација на нешто што е квалитетно и рачно изработено.
Изведенки
имитациски прид.
имитацискиот
Што се однесува на имитација; подражавачки, имитативен.