дете

мн. деца
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 63
1. Човечко суштество во раниот период од својот развој, од раѓање до пубертет; момче или девојче во рана возраст.
Англиски: child Албански: fëmijë
Примери:
дете годиначе
мало дете
Сите деца се исти.
2. чедо, пород, потомок
Англиски: offspring Албански: pasardhës
Примери:
вонбрачно дете
Ќе имаме дете.
Децата ме гледаат.
Ти си ми дете.
3. незрел човек
Англиски: child Албански: i papjekur
Употреба: Преносно значење
Примери:
големо дете
цело дете
Изведенки
детуле ср.
мн. детулиња
дем. и хип.