глутница

мн. глутници
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5528
1. Група животни, обично волци, што се движат и напаѓаат заедно.
Англиски: pack Албански: tufë, zogori
Употреба: Зоологија
Примери:
Беше тоа една постојана глутница волци, што се волчеше и живееше тука.
2. Група луѓе што напаѓаат некого.
Англиски: mob Албански: turmë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Педесетгодишен поручник, со избледени еполети, предводник на човечка глутница.
Изведенки
глутнички прид.
глутничкиот