бура

мн. бури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2542
1. Силен студен ветер со невреме, обично со дожд или снег.
Англиски: storm Албански: stuhi
Примери:
Малото облаче се претвори во силна бура.
Се очекуваше езерска бура.
песочна бура
снежна бура
2. Настан што предизвикува многу немир, превирања и тешкотии.
Англиски: storm Албански: stuhi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со малку маки и страданија ќе помине и оваа бура како сите вакви досега.
3. Силна возбуда, вознемиреност, реакција на некој настан или дејство.
Англиски: storm Албански: stuhi
Примери:
Овој закон предизвика бура одушевување во свое време.