брашно

(едн.) брашното
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2037
1. Производ добиен со мелење на житни култури.
Англиски: flour Албански: miell
Примери:
Пченично брашно.
Пченкарно брашно.
Ржано брашно.
2. Производ во вид на брашно добиен со мелење на суровини од растително, животинско и минерално потекло.
Албански: miell, pluhur
Примери:
Кокосово брашно.
Рибино брашно.
Коскено брашно.
Изрази
Си легна на брашното - се помири со дадена ситуација.
За чисто брашно - така, без причина, за ништо.
Се смее како луд на брашно - без причина.
Не меле брашно со некого - не се согласува со некого.