бич

мн. бичеви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 17484
1. Плетена врвца од кожа, прицврстена за дрвена прачка што служи за терање добиток.
Англиски: whip Албански: kërbaç, kamzhik
Примери:
Со бич во рака.
црн бич
Секој ден е сведен, та нема господари, нема бич.
Два замавтани бича.
2. казна, несреќа, зло
Англиски: punishment Албански: dënim, e keqe
Употреба: Преносно значење
Примери:
божји бич
Сме заслужиле бич што судбината ни го плете.