биде

бидат; бидам, биди, бидеш, бидеме, бидете; бидна, бидев, бидеа; бидел; биден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 59
(од глаг. сум) Како самостоен полнозначен глагол ретко, само со формите за идно време се доближува до значењата стане, се случи, има.
Англиски: be Албански: do të bëhem
Примери:
Не оти од овие ќе биде луѓе, велеше татко ми.
Ќе биде и тоа ќе биде, само да сме живи и здрави.
Ќе биде кркање!
Војна ќе биде!
Утре ќе биде таква збрка што не ќе можам ни да се видам со него.
Биди паметен.