барикада

мн. барикади
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8908
1. Преграда направена од разни предмети како засолниште при улична борби.
Англиски: barricade Албански: barikadë
Употреба: Воен термин
Примери:
Тој со другарите ќе прави барикади, ќе ги одбиваат јуришите на напаѓачите.
2. Изложена положба во политичка борба.
Англиски: barricade Албански: barikadë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е секогаш прв на барикадите.