атом

мн. атоми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6554
1. Најмал дел од еден елемент што го задржува неговиот хемиски идентитет, составен од јадро и од електрони.
Англиски: atom Албански: atom
Употреба: Физика
Примери:
Атомот го држат кохезиски сили.
Молекулата е составена од атоми.
2. Многу мал дел од нешто.
Англиски: atom Албански: atom
Употреба: Преносно значење
Примери:
Роза немаше ниту еден атом слобода во своите навики.
Ја љубеше со последниот атом на чистата љубов.