worried - онтологија

грижен повеќе

грижниот
Вид збор: Придавка
Што покажува, изразува грижа.

загрижен повеќе

загрижениот
Вид збор: Придавка
Што има грижи; што е обземен од грижи за некого или за нешто.
Што изразува грижа, беспокојство, вознемиреност.

обеспокоен повеќе

обеспокоениот
Вид збор: Придавка
Што е неспокоен, вознемирен.

потресен повеќе

потресениот
Вид збор: Придавка
Што се грижи за некого или за нешто, што е загрижен за нечија судбина.

растревожен повеќе

растревожени
Вид збор: Придавка
Кој чувствува немир.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
растревожените патници

угрижен повеќе

угрижена
Вид збор: Придавка
загрижен
Употреба: Дијалектен збор