whistle - онтологија

засвири повеќе

засврат
Вид збор: Глагол, свршен
За куршуми, гранати - почне да фрчи.
Албански: fishkëlloj
Употреба: Преносно значење

засвирка повеќе

засвиркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да свирка.

просвири повеќе

просвират
Вид збор: Глагол, свршен
Со звук помине нешто покрај увото или покрај главата.
Албански: fishkëlloj
Употреба: Разговорно
За ветер, помине низ тесен отвор со звук, со свирење.
Албански: fishkëlloj

реже повеќе

режат
Вид збор: Глагол, несвршен
За ветер - предизвикува чувство на штипење по кожата.
Албански: shtip
Употреба: Преносно значење
За силен звук - предизвикува непријатно слухово чувство.
Албански: fishkëlloj
Употреба: Преносно значење

свири повеќе

свират
Вид збор: Глагол, несвршен
За локомотива, брод, автомобил и друго превозно средство - издава остар звук како сигнал.
Албански: fishkëllon
Издава звук или мелодии со уста.
Албански: fishkëlloj
За силен ветер, фучи.
Албански: fishkëllon
Употреба: Преносно значење
За куршуми, гранати - фрчи.
Албански: fishkëllon
Употреба: Преносно значење

свирка повеќе

свиркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Свири со уста или на инструмент со прекини.
Албански: fishkëllej

свирне повеќе

свирнат
Вид збор: Глагол, свршен
Засвири еднаш или неколку пати по еднаш.
Албански: fishkëllej
Примери:
Им свирна на волвите.

свисти повеќе

свистат
Вид збор: Глагол, несвршен
За силен ветер, за истрел и сл. - издава пронизлив звук.
Примери:
свистат куршуми